Министерот за здравство Фатмир Меџити, денеска се обрати на свечената церемонија по повод доделувањето специјализации на здравствени работници на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово.
Посебно ме радува што ова е прва генерација специјализанти на Медицинскиот факултет во Тетово. Со Програмата за специјализации и супспецијализации која Министерството ја донесува на годишно ниво, за годинава само за Универзитетот во Тетово се доделени вкупно 25 специјализации за јавните здравствени установи, како и 34 за приватните здравствени установи.
Станува збор за бројни медицински области, а посебно ме радува што меѓу нив има и дефицитарни области, како што се педијатрија, гинекологија и акушерство, кардиологија, како и специјализации од областа на општа хирургија, интерна медицина и други. Исто така денес ќе се доделат 40 индекси и за вториот циклус на специјализации во други медицински дејности, изјави министерот Меџити во обраќањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.