Мобилната логопедска апликација “Мобилич” која се користи за дигитална обработка на говорот беше промовирана на македонски јазик во Скопје. Апликацијата е на пазарот во Србија се користи три години, а нејзината авторка Марина Рангеловиќ веќе доби државна награда за истата. Нејзината примена се покажала како корисна во развојот на говорот кај децата, па поради добрите резултати во пракса, како и по барање на дел од логопедите од Македонија доби и македонска верзија.
Мобилич е интересен и допадлив за децата. Ги забрзува совладувањата на говорно- јазичните проблеми, потешкотиите поврзани со вниманието, концентрацијата, вербалната меморија, учењето, развојот на предшколските вештини. Новата технологија им е далеку поблиска на денешните деца во споредба со времето кога ние бевме мали. Па, така времето поминато со Мобилич за децата може да се смета како награда, која на крајот ќе значи успешно одржан третман. Сите знаеме дека мотивирано дете подобро и побрзо учи, затоа да го искористиме тој голем бенефит кој го добиваме со Мобилич. Апликацијата не може да ја замени работата на логопедите, ниту родителите, но може да го забрза напредокот, вежбањето да го направи позабавно и да биде достапен каде и да се наоѓате. Може да биде додатно средство за работа во групни и индивидуални активности во градинка.
За идејата, фунционирањето и целта на Мобилич говореше авторката Марина Рангеловиќ. Своите искуства од користењето на Мобилиќ во третманите ги споделија македонските логопедки Ивана Илијоска и Елена Митиќ. Онлине предaвање одржа Јелена Кудриќ, дефектолог и логопед на тема „Преку звук, ритам и движење до говор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.