Шпанија го пријави првиот смртен случај од мајмунски сипаници во Европа, објави Министерството за здравство на земјата.

Бразил, исто така, ја објави својата прва смрт поврзана со вирусот претходно денеска.

Станува збор за 41-годишен маж, кој, како што соопшти бразилското Министерство за здравство, боледувал и од лимфом и имал ослабен имунолошки систем.

Досега во Шпанија се потврдени 4.298 случаи на мајмунски сипаници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.