Претседателот на Здружението на педијатри на Србија, Георгиос Константинидис денеска изјави дека поради пад на бројот на вакцинирани, во Србија постои реална шанса за епидемија на сипаници. Во изјава за РТС посочи дека несакани ефекти по вакцинацијата генерално не постојат.
Според него, особено загрижува падот на стапката на вакцинација против морбили, заушки и рубеола со ММР вакцината, која во 2021 година изнесувала 75 отсто на национално ниво и, како што наведе, „во еден град 24 отсто“, пренесе Бета.
– Довербата, која постоеше во медицината и во институциите на општеството, исчезна благодарение на дезинформациите…медиумите наместо да бидат извор на точни информации, во голема мера станаа извор на дезинформации. Малите сипаници и вакцините се репрезентативен пример на таа политика, рече Константинидис.
РТС на својата веб-страница објави дека УНИЦЕФ предупредиле дека во Србија е можна појава на сипаници и други болести што можат да се спречат со вакцини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.