Резултатите од истражувањето објавени во стручниот магазин „Микропластикс“ (Microplastics) покажаа дека пиењето вода од пластични шишиња го зголемува крвниот притисок како резултат на влегувањето на микропластиката во крвотокот.

Истражувањето што го спроведоа научниците од Австрија, открива дека крвниот притисок значително се намалил кога учесниците престанале да консумираат течност од пластични шишиња и пиеле само вода од чешма во период од две недели.

Крвниот притисок на учесниците за време на истражувањето постојано им бил мерен. По две недели, забележанo е значителенo намалување на диастолниот (долниот) крвен притисок.

Врз основа на резултатите, кои укажуваат на намалување на притисокот во комбинација со намалувањето на потрошувачката на пластиката, претпоставуваме дека пластичните честички присутни во крвотокот придонесуваат за зголемениот крвен притисок – наведоа научниците.

Микропластиката се создава како резултат на распаѓање на пластичните производи под влијание на хемиските, физичките и биолошките процеси во нивната околина, а еден од примерите се струготините од автомобилските гуми што настануваат поради триењето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.