Со текот на годините, заедно со остатокот од телото и другите органи, така и мозокот старее и се јавува ризик од појава на бројни болести, меѓу кои и Алцхајмерова болест. Токму овој ризик нагло се зголемува после 40-та година од животот. За да може мозокот да ги обновував своите клетки, потребно е правилно да се храни.

Доколку не се внесуваат потребните минерали и витамини во организмот, постои поголема шанса да почнете да заборавате на работите, да имате слаба концентрација и потешко да памтите, покажале истражувањата. Во продолжение прочитајте која храна ги содржи витамините кои го одржуваат здравјето на мозокот.

Според новиот дополнет извештај на Лансетовата комисија, во однос на превенцијата од пропаѓање на мозокот, експретите додадоа уште 3 дополнителни, нови ризик-фактори и тоа: прекумерно консумирање на алкохол, повреди на главата и загаден воздух.

Овие нови 3 фактори се додадоа на веќе постоечките 9, утврдени во 2017: понизок степен на образование во помладите години, губење на слухот по 40-тата година, хипертензија, дебелина, пушење, депресија, социјална изолираност, физичка неактивност и дијабет во подоцнежните години.

Според статистиките, жените почесто го имаат овој проблем во однос на мажите.

Експертите од оваа област советуваат дека никогаш не е рано или доцна да се почне со превентивните мерки, а како најзначајни мерки ги наведуваат: Одржување на нормалниот крвен притисок (максимум 130/80), по 40-тата година; Почестите прегледи за слух и превенција од нарушен слух (на пример, избегнувањето на честа изложеност на многу гласни места), после 40-тата година и редовното носење на соодветни апаратчиња за слух, ако има потреба.

Оваа храна е одговорна за доброто здравје на мозокот

Сулфурот е неопходен за нормално функционирање на мозочните клетки. Сулфурот се наоѓа во зелка, моркови, краставици, лук, смокви, кромид и компири. Цинкот ги подобрува менталните перформанси и составот на кр-вта, а исто така спречува некои нер-вни болести. Цинкот се наоѓа во пченичните никулци и пченични трици.

Калциумот е неопходен за нормални процеси на хематопоезата, а исто така спречува влегување на патогени во кр-вотокот и затоа штити од инфекција. Калциумот се наоѓа во големи количини во:јаболка, кајсии, цвекло, зелка, моркови, цреши, краставици, грозје, зелен зеленчук, бадеми, портокали, праски, ананаси, јагоди и цели зрна.

Железото го обезбедува потребното ниво на хемоглобин во крвта, без него виталните процеси во мозочните ткива се невозможни. Железо се наоѓа во: грав, зелка, цреши, зелен зеленчук, сенф, портокали, грашок, ананас, домати, ориз и школки.

Магнезиумот е неопходен за нормално функционирање на нервниот систем и спречување на нервни болести, несоница, вознемиреност, главоболки и депресија. Магнезиум може да се добие од храна како бадеми, зелена салата, нане, цикорија, маслинки, кикирики, компири, тиква, сливи, ореви и интегрални житарици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.