Во последно време многу е актуена нутритивната диета, чија цел не е изгладнување, туку задоволување на потребите на организмот со нутритивно богата храна во помали количества.
Типична нутритивна диета вклучува и растителни и животински производи, како што се: животински протеини – месо, риба, морска храна и јајца; здрави масти – путер, растителни путери и екстра девствено маслиново масло; зеленчук, овошје, јаткасти плодови и семиња; избран зеленчук со скроб – сладок компир, тиква.
Се препорачува да не се конзумира преработена храна, потоа рафинирани шеќери, индустриски масла и жита што содржат глутен.
Многу е важно да му обезбедите на телото витамини и минерали, а некои можат да помогнат при слабеењето преку подобрување на метаболизмот, нивото на енергија или регулација на мастите, велат експертите.
Главните витамини и минерали се: Витамини Б (Б6, Б12): го поддржуваат енергетскиот метаболизам, помагајќи му на телото да ја претвори храната во енергија.
Витамин Д: Може да помогне во регулирањето на телесните масти и често се поврзува со подобрување на тежината.
Витамин Ц: Помага во оксидацијата на мастите, се препорачува за сите што се борат со обемот на половината.
Магнезиум: Помага во производството на енергија и е поврзан со намалување на индексот на телесна маса (БМИ).
Калциум: Во комбинација со витамин Д е корисен за топење на масните наслаги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.