Иако водата се смета за најздрав, а воедно и најдобар пијалак за хидратација, научниците докажаа дека сепак постои пијалак кој повеќе го хидрира организмот од водата.
Истражувачите открија дека водата, без разлика дали е минерална или газирана, прави прилично добра работа за брзо рехидрирање на телото, но пијалоците со малку шеќери, масти или протеини прават уште подобра работа во одржувањето на хидратацијата подолго време.
Според Роналд Моган, професор на Медицинскиот факултет Сент Ендрус и автор на студијата, еден од факторите за хидратација на телото е волуменот на даден пијалок: колку повеќе пиете, толку побрзо пијалокот се празни од вашиот стомак и се апсорбира во крвотокот, каде што може да ги разреди телесните течности и да ве хидрира.
Така, докажано е дека млекото хидрира повеќе од водата, бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот. Покрај тоа, млекото содржи и натриум, што доведува до помало производство на урина.
Истото може да се каже и за растворите за орална рехидратација кои се користат за лекување на дијареа. Содржат мали количини шеќер, како и натриум и калиум, кои исто така можат да ви помогнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.