Во просториите на „Јуроп хаус“ во Скопје се одржа обука за новинари на EU4Green во Македонија на која беа презентарани столбовите на акцискиот план на Зелената агенда за Западен Балкан.

Акцискиот план вклучува:

Декарбонизација, вклучувајќи климатски промени, енергија и транспорт.

Циркуларна економија која се занимава со отпад, рециклирање, одржливо производство и ефикасно користење на ресурсите.

Намалување на загадување на воздухот, водата и земјиштето.

Одржливи системи за прозводство на храна и рурачни области.

Дополнително акцискиот план содржи и аспекти кои треба да го поддржат управувањето, следењето, известувањето и други механизми за поддршка на имплементација на ЗАЗБ, како што се вклучувањето на цивиниот сектор, единиците на локалната самоуправа, воспоставувањето на механизми на координациија и финансирање, инклузивност.

EU4Green на регионални нив ќе даде свој придонес во обласите: Премин кон церкуларна економија прилагоден за секоја економија, EU4Green го зајакнува одржливото користење на ресурстите и спречувањето на отпадот преку поддршка на развојот на планови за превенција на отпадот, подобрување на промоцијата на церкулалрната економија, новите деловни модели и градењето на капацитети.

Потоа, мониторнинг и намалување на загадувачите, подобрување на одрживоста и отпорноста кон климатските промени во земјоделството, зачувување на биодиверзитетот, зајакнување на мониторингот и известувањето за Зелената агенда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.