Лекот „Трикафта“ кој им е потребен на пациентите болни од цистична фиброза пристигна на Универзитетската клиника за детски болести. Обезбедена е террапија за 12 пациенти, а селектирано постепено ќе има вклучување на седум нови пациенти на секои десет дена, кажа денеска на прес-конференција во Влада медицинскиот директор на Клиниката за детски болести, Стојка Нацева-Фуштиќ.
Освен тие 12 пациенти кои се веќе на терпија има уште 55 лица и за сите тие ќе биде обезбедена терапија во текот на 2024 година.
Оваа количина која сега ја имаме, тоа се 102 дозечни форми на лекот ќе бидат доволни за наредните два до три месеци за продолжување на терапијата кај дванаесетте пациенти кои веќе се вклучени, додека Министерството за здравство не ја обезбеди понатаму останатата терапија, изјави Нацева-Фуштиќ.
Оцени дека со ова ќе се подобри квалитетот на животот на овие пациенти и ќе се намали хоспитализацијата.
Верувам дека во 2024 година сите пациенти кои се подобни за терапија, а тоа се пациентите од 12 години и постари ќе бидат ставени на терапија. Верувам дека во наредните години возрасната граница за започнување терапија ќе се намалува, но она што е важно е дека лекот влезе кај нас и ќе биде во континуитет обезбедена терапија за 2024 и 2025 година, изјави Нацева-Фуштиќ.
Меџити на прес-конференцијата посочи дека бирократските работи не смеат да бидат причина за загрозување на здравјето на граѓаните.
Бирократските работи не смеат да бидат причина за загрозување на здравјето на граѓаните, лекот трикафта е веќе на Универзитетската клиника за детски болести со 100 милиони денари набавена е терапија за следните неколку месеци. Дополнително предвидени се 854 милиони денари за лекот за 2024 и 2025 година, пациентите со цистична фиброза етапно се вклучуваат на терапија, па така согласно протоколот и прецизните кртериуми на еволуацијата се одлучува за добивање на терпија. Листата на пациентите е направена од страна на стручна комисија по направени медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза според бодирање, појасни министерот.
Фики Гаспар, претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза изрази благодарност и надеж дека ваквите чекори од Владата ќе продолжат и во иднина.
Можам да кажам дека за релаитвно краток период покрај сите настани и залагања и на пациентите и на институциите во 2024 и 2025 година ќе се обезбеди модуларторана терапија за сите пациенти од 12 години па нагоре. Денеска голем број на родители и пациенти ќе бидат мирни и нема да стравуваат за нивниот или за животот на нивите деца, рече претседателот на Асоцијациата за чистична фиброза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.