Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека најмалку 17 милиони европејци беа погодени од долгиот ковид во 2020 и 2021 година, и притоа таа повикува на подобра грижа за овие пациенти.
Тоа е повеќе од 16 отсто од вкупно 102,4 милиони заразени во 53 земји во првите две пандемии на коронавирусот, соопшти денеска СЗО.
Замор, кашлица, отежнато дишење, повремено покачена телесна температура, губење на вкус и мирис и депресија се само некои од симптомите на долгиот ковид, кои обично се појавуваат во првите три месеци по инфекцијата и траат најмалку два месеци.
-Два милиона лица во нашиот регион, во Европа и Централна Азија, страдаат од исцрпувачки симптоми со месеци по првичната инфекција со Ковид-19. Тие не смеат да продолжат да страдаат во тишина, изјави регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.
Владите и партнерите во здравството мора да работат заедно за да најдат решенија“, нагласи тој, истакнувајќи „ја итната потреба од понапредни анализи, повеќе инвестиции, поголема поддршка и поголема солидарност со оние кои страдаат од оваа болест“.
СЗО соопшти дека долгиот ковид двојно повеќе ги погодува жените, а нејзините проценки се засноваат на пресметките на Институтот за здравствена метрика и евалуација (IHME).
Според IHME, чие седиште е во САД, во 2020 и 2021 година од долгиот ковид биле погодени речиси 145 милиони луѓе во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.