„Новите начини за конзумирање тутун претставуваат помалку штетна алтернатива. Производите без чад, кои не го согоруваат тутунот можат да бидат замена за цигарите, бидејќи се побезбедни“, смета реномираниот професор од Универзитетот во Тел Авив и претседател на израелскиот конгрес за атеросклероза, др. Дов Гавиш, кој посочи и дека треба да се поддржи преминот на овие нови производи, но тоа се однесува исклучиво на пушачите, како пат до целосен престанок на пушењето.
Професорот Гавиш укажа дека пушењето е сериозно прашање на целото општество, бидејќи покрај активните пушачи постојат и пасивни кои се изложени на чадот на цигарите, во кој се наоѓаат најмногу потенцијално штетни материи, а дека чадот е најголем проблем кај цигарите. Професорот во повеќе наврати истакна дека најдобро можно решение е воопшто да не се пуши, но исто така се запраша кои се можностите на постоечките пушачи.
„Мораме да пронајдеме начини за конзумирање никотин кои не се толку штетни. Истражувањата потврдија дека со промена на начинот на внесување на никотинот може да се види напредок кај крвниот притисок“, потврди Гавиш и нагласи: „Ризикот се намалува колку е помала изложеноста на штетни материи“. Тој додаде дека денес постојат помалку штетни алтернативи кои го потврдуваат напредокот на технологијата, науката и медицината, а ги зема во предвид уредите кои го загреваат тутунот, а не го согоруваат и на тој начин ја намалуваат емисијата на потенцијално штетни материи.
Точните информации и едукацијата се најважни
Проф. Др Небојша Тасиќ, кардиолог и професор на Универзитетот во Белград смета дека за престанок на пушењето е потребно да се промени традиционалниот пристап. „Концептот за намалување на штетноста може да им понуди алтернатива на пушачите, а потенцијалните бенефити се неверојатни. FDA потврди во својата студија дека одредени бездимни уреди неверојатно го намалија присуствот на потенцијално штетните материи. Бидејќи многу пушачи не сакаат да ги остават цигарите, тоа е таа промена на пристапот. Наместо забрана, за почеток нека ги заменат цигарите со помалку штетна алтернатива, до целосен престанок на пушењето“, вели професорот Тадиќ.
Тој ја нагласува важноста на приказната за пушењето: „Оваа тема е многу важна. Јас целиот свој живот го посветив на превенцијата. Иднината на кардиологијата е во превенцијата и предикцијата. Мораме да зборуваме за пушењето, бидејќи пушењето е еден од ризик факторите. Секако, не е единствен, но на пушењето може да се влијае, тој фактор може да се модифицира и намали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.