Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје набавени се два софистицирани апарати за радиолошки и интервентни процедури.

Покрај тоа болницата се опреми со софистициран апарат за мамографија со стеротакса, но и апарат за ултразвук со висока резолуција, адекватен за најразлични дијагностички процедури.

Тимот на болницата на располагање има и 128 слајсен КТ апарат со висока резолуција, брзина и апликации за реконструкција на прегледи на срце, коронарни артерии, црн дроб, перфузија на мозок.

Во болницата се врши имплантација на пејсмејкери, CRT, ICD, стентирање, каротидографии. Има и два софистицирани дигитални апарати за конвенционални графии.

Меѓу новата современа опрема на болницата се и апаратот за навигација наменет за хирургија на носот, синусите, ушите и базата на черепот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.