По млекото од соја и од бадеми, нов хит е млекото од компири што го произведе една шведска компанија. Цената се движи од 3 до 5 евра по литар.

Инаку, рецептот е преземен од професорката Ева Торнберг од Универзитетот Лунг, која уште во 2017 година произведе необично вкусна и кремаста „емулзија од компири“. Млекото се продава во три варијанти: оригинално, бариста и незасладено.

Производителите тврдат дека ова млеко е добар извор на витамин Ц, калиум, магнезиум и антиоксиданти, како и дека, што е уште поважно, од сите билни пијалаци е најмалку штетно за животната средина. Млекото од компири е исто така одличен извор на влакна, витамин Б12, железо и фолати.

Млекото од компири содржи и помалку шеќер и масти и не содржи вообичаени алергени, што го прави одличен избор за луѓе кои се чувствителни на лактоза, глутен или јаткасти плодови.

Како сами да направите млеко од компири?

Излупете ги компирите и сварете ги. Кога ќе бидат готови, ставете ги во блендер. Додајте половина вода и малку мелени бадеми (по желба).

Додадете прстофат сол и природен засладувач. По желба додајте и малку екстракт од ванила. Сето тоа заедно изблендирајте го и ставете го во сад.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.