Докторот ненад Лазаров објави фотографија од системот „Мој термин“ каде се гледа дека нема слободни термини за правење мамографија во скопските болници. Тој смета дека здравството е пред колапс, а министерот за здравство, Беким Сали, треба да преземе нешто наместо да се фотографира со попови и оџи.

Министерот за здравство место со попови и оџи, делегации и амбасадори, нека дојде да види примарното здравство како е пред колапс. Џабе се кампањи за превенција кога базични прегледи за суспектни пациенти и скрининзи се суспендирани. Нема мамграфија, ехо на дојка, ехо на простата, срамота, пишува доктор Ненад Лазаров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.