Матичните клетки имаат една неверојатна способност – тие можат да се трансформираат во кој било друг тип на клетка.

Благодарение на нивната „супермоќ“, научниците ги користат во медицината бидејќи имаат потенцијал да ги „поправат“ оштетените делови од телото по повреди или сериозни болести. Но, за да го направат тоа, научниците треба да манипулираат со матични клетки за да ги претворат во потребниот тип на ткиво.

Како што пренесува „Њуз медикал“, различни техники се користат за манипулирање со матични клетки, а експертите неодамна претставиле нов, неинвазивен начин за стимулирање на матични клетки со високофреквентни звучни бранови.

Научниците, всушност, успеале да ги претворат матичните клетки во коскени за само 5 дена и 10 минути третман на ден.

Експертите се надеваат дека овој нов метод, кој има неколку предности во однос на претходните, би можел да се користи за обновување на коските по рак или некој друг вид на дегенеративна болест.

Звучните бранови го скратуваат времето на заздравување кое обично е потребно за матичните клетки да почнат да се претвораат во коскени. Покрај тоа, овој метод не бара посебни лекови за коските и многу лесно се применува на матичните клетки – вели биохемичарката Ејми Хелми, од Кралската Институт за технологија во Мелбурн (РМИТ).

Експертите велат дека овој метод може да се користи со неколку видови матични клетки, вклучувајќи ги и оние кои се добиени од маснотии, кои не се толку болни за одземање од телото.

Со помош на звучните бранови можеме врз матичните клетки да го примениме потребното количество притисок на вистинските места и на тој начин да го почнеме процесот на трансформација – вели хемискиот инженер Лесли Јео од РМТИ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.