Не старее само кожата, туку и коските, а за тие да бидат здрави, треба да се внесуваат доволно хранливи материи. Во детството, повеќето од нас пиеја млеко за да го добие телото калциумот што му е потребен, но како што старееме, оптималната листа на пожелни состојки и нивните извори се менуваат.
Според Лорен Манакер, експерт за исхрана, постојат хранливи состојки на кои вреди да се обрне внимание. Тоа се витамин К, магнезиум, калиум и бор. Истовремено, таа советува во вашите напивки да вклучите суви сливи за да го спречите стареењето на коските.
„Податоците покажуваат дека соодветната количина на витамин К може да ја зголеми минералната густина на коските, а калиумот може да ја намали загубата на калциум од коските“, објаснила Манакер.
„Сувите сливи содржат и фенолни соединенија што можат да ја блокираат ресорпцијата на коските и да ја поддржат нивната изградба.“
Во истражувањето објавено во British Journal of Nutrition, жените во постменопауза што јаделе 50 г суви сливи секој ден (тоа се отприлика 5 или 6 парчиња) имале значајно зголемување на минералната густина на коските во споредба со оние што не го јаделе ова овошје. Оние жени што јаделе суви сливи, исто така, доживеале значајно намалување на серумските нивоа на маркерите на метаболизмот на коските.
Друго истражување објавено во магазинот Nutrients сугерира дека јадењето суви сливи исто така може да го подобри здравјето на коските на мажите. Мажите што три месеца јаделе 50-100 г суви сливи дневно забележале позитивно влијание врз метаболизмот на коските.
„Редовната употреба на суви сливи може да помогне во спречувањето загуба на коскената маса, особено кај постарата популација“, открива Лорен Манакер.
„За здравјето на коските, кашестиот сок од суви сливи може да биде освежувачки, природно сладок и здрав пијалак преполн со важни хранливи материи, феноли, влакна, без додаден шеќер. Совршена комбинација за одржување на здравјето на коските.“
Можете да експериментирате со рецептите за кашест сок така што ќе додавате суви сливи во разни комбинации на храна.
„Од комбинации со банани, бадеми и суви сливи до зелени кашести сокови со суви сливи, кељ, банана и млеко – не постојат строги правила за приготвување кашест сок од суви сливи“, нагласува Лорен.
Но таа споделила еден особено успешен рецепт што нејзе многу ѝ се допаѓа.
Состојки:
4-5 парчиња суви сливи без коски
1 претходно замрзната банана
3/4 шолја бадемово млеко
1/2 лажица природно бадемово масло
1/4 лажиче цимет
1/2 шолја мраз
Приготвување:
Треба сите состојки да ги ставите во силен блендер и да ги матите додека се соединат состојките. Кашестиот сок потоа може да се послужи во чаша, вкусот е одличен, а нуди низа здравствени придобивки!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.