Есента е период богат со сезонско овошје и зеленчук, кој е идеален за подготовка на хранливи и вкусни јадења. Есенската храна не само што е повкусна и подостапна во сезоната, туку е богата со хранливи материи кои можат да ја збогатат нашата исхрана, тврди диететичарката Натали Ризо.
Kако најздраво овошје таа ја издвоила калинката.
Ова овошје е богато со растителни влакна, витамин Ц, витамин К и фолати. Калинките содржат полифеноли, растителни соединенија кои помагаат во борбата против воспаленијата. Истражувањата покажуваат дека консумирањето калинки може да го намали ризикот од дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни болести, посочува таа.
Покрај калинките, таа наведе уште неколку одлични есенски намирници. Еве што имаше на списокот.
Јаболка
Јаболката се богати со влакна и витамин Ц и помагаат во варењето и го зајакнуваат имунитетот. „Ова разноврсно овошје може да се користи во многу слатки и солени јадења“, вели Ризо.
Тиква
„Тиквата е полна со бета-каротен, претходник на витаминот А, кој е добар за здравјето на очите и се бори против воспалението. Може да се користи во супи, колачи и појадок како каша и смути“, објаснува диететичарот.
Печурки
Иако печурките растат во текот на целата година, нивниот земјен вкус и месна текстура се особено прилагодени за есенските јадења. Ризо наведува: „Печурките се единствениот зеленчук кој содржи витамин Д, клучен за здравјето на коските, кој тешко се добива преку исхраната. Бидејќи витаминот Д е растворлив во масти, готвењето на печурките во маснотии, како што е маслиновото масло, ја подобрува неговата апсорпција. “
Круши
„Крушите не само што се разноврсни и слатки, туку и се богати со влакна. Секоја круша содржи 20 проценти од препорачаната дневна количина на растителни влакна, што е корисно бидејќи повеќето луѓе не добиваат доволно влакна. Важно е кожата да се јаде кората затоа што е најбогат извор на влакна“, тврди диететичарот.
Кељ
„Кељот станува сè попопуларен. Богат е со растителни влакна и витамин Ц, кој помага во одржувањето на здравјето на дигестивниот и имунолошкиот систем во постудените месеци. Лесно се пече и може да се служи како прилог или дури и да стане главна состојка“, заклучува Ризо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.