Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје, д-р Данил Петровски, објави државната агенција МИА
Тој за МИА кажа дека не е изненаден, бидејќи министерот за здравство веќе го најави неговото разрешување. За разрешувањето од функцијата, Петровски дознал денеска од вработени на Клиниката за токсикологија.
Петровски беше директор на Клиниката за токсикологија од 15 декември до денеска.
Минатиот месец, во април Демири најави дека ќе го разреши директорот на Токсикологија. На ова претходеше писмо и прес-конфереција на вработени од Клиниката за Токсикологија, кои реагираа дека економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, но е упорна да се вработат 18 лица на кои им биле истечени договорите за дело на 31 декември 2023.
Во меѓувреме се случи и поплава на Токсикологија, пукна цевка од парно, а Иљази ја оставила Клиниката без осигурување. Лабораторија на Токсикологија работи незаконски, само со еден лаборант. Но тоа не беше причина да биде разрешена.
Вработените се пожалија дека не може да се разберат со Иљази, бидејќи таа не знае македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.