Скрининг, навремена посета на уролог и да не се молчи за проблемите, се препораките што лекарите и психолозите ги упатуваат по повод месецот на машкото здравје. Карциномот на простата е втората причина за смртност кај мажите и затоа лекарите препорачуваат барем еднаш годишно да се прави преглед.
Во разговор за МИА, тие нагласуваат дека со скринингот и навременото барање медицинска помош може да се спречат фаталните последици од болеста. Покрај медицинската поддршка, од исклучителна важност е и поддршката на најблиските и пошироката заедница.
Директорот на Клиниката за урологија во Скопје, Башким Шабани вели дека пациентите доаѓаат кога веќе карциномот на простата е во поразвиен стадиум. Неговата препорака е е дека со добар скрининг и навремено дијагностицирање на болеста, многу подобри ќе бидат прогнозите отколку кога пациентите доаѓаат во поодмината фаза.
Карциномот на простата се јавува претежно кај повозрасните пациенти, над 45-50 години и затоа доктор Шабани препорачува лицата над 50-годишна возраст барем еднаш годишно да посетат уролог.
На почетокот на болеста, симптомите не се многу забележливи. Голем број пациенти мислат дека тоа се симптоми од инфекција. Станува збор за тегоби со често мокрење и потреба за мокрење преку ноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.