Во три скопски поликлиники веќе матичните лекари ќе имаат можност на нивните пациенти да им закажуваат тестирања за ковид-19 со брзи антигенски тестови. Со цел да се расчистат гужвите, на три пункта, односно во поликлиниките Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар од вчера почнаа да се прават тестирања за Ковид-19 со брзи антигенски тестови.

Здравствените власти се одлучија на ваков чекор по силните реакции на граѓаните кои уште пред новогодишните празници, поради немање термини за ПЦР-тестирања во центрите за јавно здравје мораа тестовите да ги плаќаат по многу повисоки цени во приватните лаборатории или можеа да се одлучат за брз антигенски тест чија цена е околу 900 денари.

Инаку, одлуката за брзите антигенски тестови ја соопшти вчера претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски кој истовремено најави дека се планира и отворање на пунктови и во центрите за јавно здравје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.