Луѓето со одредени крвни групи потешко се ослободуваат од масните наслаги, според нутриционистката Сима Кана од Њу Делхи, Индија. Наводите, имено, говорат дека оние луѓе со крвна група АБ или АБ позитив вообичаено имаат доста тешкотии да ги симнат несаканите килограми, пишува „Тајмс оф Индија“.
Причината е тоа што луѓето со овие крвни групи тешко ги менуваат прехранбените навики. Од друга страна пак, луѓе со крвни групи 0 позитив и Б позитив, на пр., полесно би се ослободиле од несаканите масни наслаги.
– Луѓето со Б позитив имаат повисока базална стапка на метаболизам, со што потешко се здебелуваат. А пак, оние со крвна група А, напротив – поподложни се на дебелеење и тоа не зависи од Вашата генетика, објасни д-р Сима.
Натуропатот Питер Џ. Дадамо предлага одделна диета за секоја крвна група и тврди дека храната што се внесува има меѓусебна зависност со човековата крв и со самото варење на храната. Дополнително, на овој начин – со правилен избор на исхрана може да се спречат разни болести, па со следењето на планот за секоја крвна група, вели тој, лесно може да се постигне саканата тежина и така да се продолжи животниот век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.