За жал со СДСМ и ДУИ се е можно. Ова се повторува затоа што веќе е видено во 2006 година, истото и тогаш беше како што е и сега. Тогаш се сеќавам кога имав дежурство во аптеката, си купував лекови за итни случаи и одев на дежурство, затоа што немав обичен лек којшто чини 10 денари. И сега истото се случува со нашето здравство. Здравството ни е девастирано, во изминатите шест години не видовме ништо во здравствениот систем да оди напред. Од сите оние ветувања што ги даваа добивме назадување во здравството. И Европската Унија не оценува со оценка нула за напредокот во здравствениот систем“, истакна Олга Лозановска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Лозановска додаде дека пандемијата ги извади сите недостатоци на површина што ги има во здравствениот систем. Како Македонија се справи со ковидот говори бројот на починати. Па тука говори и самото набавување на вакцини, колку вакцини се набавија, па немаше ниту КОВИД тестови.

„КОВИД пандемијата беше лекција која што СДСМ за жал воопшто не ја научи. Власта и понатаму продолжува со истото темпо на менување на министри, а здравството уназадува наместо да оди напред. Не видовме ниту една реформа во здравството, ниеден закон не видовме освен Законот за легализација на марихуана, Законот за приватизација на радиодијагностика, приватизација на трансплатација. Имаме примарно, секундарно и терциерно здравство, примарното здравство кај нас воопшто не функционира. Немаме скрининг тестови за малигни заболувања, за хронични заболувања. И најстрашно нема инсулин, нема ленти за мерење на шеќер, нема Трикафта“, нагласи Лозановска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.