„Она со што се храни човекот, тоа го разболува“, гласи една древна изрека. Понекогаш навистина можеме да оздравиме или да се чувствуваме подобро без да земаме лекови. Доволно е да се надомести недостигот од потребните супстанции. Овој пат зборуваме за магнезиумот.

За што е неопходен магнезиумот открива Алберт Богдасаров, професор по геологија во Брест.

* Активира повеќе од 300 ензими што учествуваат во метаболизмот, важен е за производство на енергија, помага во апсорпцијата на витамините од Б-комплексот, калиумот и калциумот.

* Учествува во преносот на нервните сигнали, помага при приспособување на студ, влијае на здравјето на забната глеѓ, ги опушта мускулите, го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта.

* Ја нормализира состојбата на нервниот систем во случај на нервна напнатост, депресија и нервоза.

* Спречува васкуларни компликации кај дијабетес, ја подобрува функцијата на панкреасот.

* Придонесува за проширување на бронхиите и за отстранување бронхијален спазам кај заболувања на дишните органи.

КОЛКУ МАГНЕЗИУМ НИ ТРЕБА?
Магнезиумот слабо се апсорбира во цревата и во голема мера се излачува, така што потребите на телото за него се секогаш високи. Дневната доза за возрасни е 4,5 мг на килограм телесна тежина. Тоа е во просек 280 мг за жени и 300-350 мг за мажи.

Важно! Колку помалку овој микроелемент влегува во телото, толку е поголем ризикот од онколошки заболувања.

КАДЕ ГО ИМА?

*Во храната: во семките од тиква и сончоглед, просото, хелдата, оризот, гравот, грашокот, сојата, јаткастите плодови, кикиритките, јаболката, кајсиите, бананите, авокадото, ананасот, грејпфрутот, боровинките, праските, компирите, млекото, рибата и морската храна, триците.

* Во растенијата: во луцерката (алфаалфа), камилицата, глуварчето, хмељот, коњската опашка, штавејот, жалфијата, копривата, ајдучката трева, листовите од малина и капина, женшенот.

Напомена: Организмот многу подобро го апсорбира магнезиумот доколку дополнително се земаат витамините Д и Ц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.