Обичната прошетка во континуитет прави чуда за телото. Еве кои болести ги спречува:

1. Одењето спречува рана појава на деменција, го намалува ризикот од развој на Алцхајмерова болест и ја подобрува вашата општа ментална благосостојба, така што го намалува стресот и ослободува ендорфини.

2. Тргнете на прошетка за да го подобрите видот и да ги заштитите вашите очи од потенцијалните проблеми како што е глауком, во иднина. Ако шетате, ќе го спречите пропаѓањето на очите.

3. Пешачењето не е ништо помалку ефикасно од трчањето кога станува збор за превенција на срцеви заболувања и мозочен удар.

4. Одењето е аеробна вежба, што значи дека го зголемува протокот на кислород во крвотокот и помага при отстранувањето на токсините и отпадот, што е одлично за вашите бели дробови.

5. Пешачењето како вежба е изненадувачки ефикасен начин на превенција на дијабетес.

6. Само половина час пешачење секој ден, не само што го намалува ризикот од развој на рак на дебелото црево, туку и го подобрува варењето и ја регулира работата на цревата.

7. Само 10.000 чекори дневно можат да бидат еднакво ефикасни како целосен тренинг во вежбалница, особено ако додадете и некои интервали на брзо одење или одите по угорнина.

8. Одењето може да обезбеди поголема подвижност на зглобовите, да го спречи губењето на густината на коските, па дури и да го намали ризикот од кршење.

9. Одењето е вистински спас за оние што имаат болки во грбот за време на потешки вежби со голем напор.

10. Одењето ги ублажува симптомите на депресија.

Колку и како да шетате во текот на денот:

Вашата цел треба да биде 30 минути прошетка секој ден, но научниците предлагаат да шетате онолку минути колку што имате години. На пример, ако имате 45 години, шетајте 45 минути секој ден.

За повозрасни луѓе се предлага бавно до умерено брзо одење половина час секој ден. Ако останувате без здив додека одите или не можете да одржите конверзација, веројатно брзо одите, па затоа намалете го интензитетот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.