Како да не е доволен стресот од самото породување кое започнало месец два порано и борбата која што ги чека, наместо да бидат подготвени за тоа, мајките за почеток се соочуваат со недостаток на емпатија од болничкиот персонал (секоја чест на исклучоците).

Вака во текстот посветен на децата борци и родителите херои активистката Ина Многуфина на Меѓународниот ден за подигнување на свеста за предвремено родените бебиња раскажува со што сѐ се соочуваат родителите на овие бебиња и прашува – дали Македонија може подобро?

Зошто плачеш, знаеш дека те осеќа?“ – Фино да ѝ се набие грижа на совест на мајката зошто е исплашена и дека сега со плачењето уште повеќе си го стресира бебето…права немајка, место да стисне заби седнала плаче.

Која недела беше ти? 28? Аааа не се надевај многу, спреми се на најлошто“ – Како да можеш навистина да се спремиш дека детето ќе ти почине и да кажеш ок тоа е сеа ајде идеме даље, дајте ново дете ова не го бива.

Тууу како не издржа уште малку“ – Пошто така ти текнало да го родиш порано, а не дека дошло до компликација во бременост.

Чекај да го видиме глушецот каде е“ – додека те ставаат на ЦТГ за да се видат тоновите на бебето и еден куп слични примери секако нема да ја окуражат мајката и да ѝ пружат утеха во моментите кога има илјада и едно прашање во глава, кога си го преиспитува буквално секој момент од бременоста да не случајно таа придонела до предвремено породување и додека си ја јаде душата зошто не издржав бар уште една недела…уште 10 дена.

Потоа следи безнадежниот поглед на докторите кои проаѓаат на визита или кога си предаваат смена, а кој говори погласно од зборови дека за да ти преживее бебето родено во Македонија во 26, 27, 28, 29 недела е рамно на чудо. Најверојатно затоа што знаат со какви капацитети на опрема и персонал располага државата и колкав е степенот на смртност на овие бебиња кај нас. Ако во западните земји скоро сите овие бебиња преживуваат, Македонија мака мачи со намалување на процентите на смртност.

Е сега ако мислите дека агонијата завршила со раѓањето на бебето и неговото згрижување на Интензивна нега, сте се излажале. Тука, баш тука сагата на родителите почнува да се развива пред да ја достигне својата кулминација со одењето дома без бебе.

Додека во светот се инсистира мајката да е со бебето до инкубатор, таа да се грижи за него, да се практицира кенгуринг за бебенцето да се „насади“ со нејзини бактерии, во Македонија овие мајки не ни можат да ги видат своите деца. Имаат само 5 минути да ги ѕирнат додека лежат во болница АМА само од страна без никако да го допрат инкубаторот каде се наоѓа нивното чедо. Па затоа наместо со бактерии од мајката, кај нас се насадуваат со болнички бактерии па се малтене скоро сите септични и колку помали покревки толку помала шанса имаат да се изборат со сепса.

Целиот текст на Ина Многуфина



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.