Министерство за здравство за Клиниката за ортопедски болести набави нов артроскопски столб наменет за пациентите со кој се се зголеми дневната бројката на интервенции кои се изведуваат на Клиниката.
На клиниката за Ортопедски болести на годишно ниво се вршат околу 300 артроскопски интервенции на колено, околу 60 реконтрукции на лигаменти, како и артроскопски интервенции на рамо.
Набавката на новиот артроскопски столб придонесе да се зголеми бројката на артроскопски интервенции кои се изведуваат на дневно ниво. Најголемиот дел од овие интервенции се изведуваат со локална анестезија што овозможи пациентите да не лежат во болница, туку да се лекуваат на еднодневна база, што значи прием, операција и испис на пациентот во рок од 24 часа, истакна директорот на ТОАРИЛУЦ д-р Александар Трајановски.
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска беше во работна посета на ТОАРИЛУЦ кадешто оствари средба со менаџментот и вработените на установата.
Станува збор за најсовремена апаратура со која значително ќе се подобри и забрза работењето на здравствениот персонал. Чест ми е што установата вложува во зајакнување на капацитетите. Во време на ковид кризата целосно беа реновирани просториите на Клиниката за ортопедија со што се подобрија условите за работа и за престој во болница, рече министерот Меџити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.