На Клиниката Жан Митрев наскоро ќе почне со работа новиот оддел за стоматологија а центарот за естетска дерматологија е збогатен со нови услуги и апарати.
Во стоматолошкиот центар ќе се практикуваат најсовремените трендови на прецизна дигитална стоматологија. Достапни се сите услуги од областа на ендодонција, отродонција, фиксна и мобилна протетика, орална хирургија и имплантологија. Со помош на најсовремена 3Д технологија, високостручниот тим стоматолози ќе изработува индивидуален план и ќе ги предлага најдобрите решенија за секој пациент.
Во центарот за естетска дерматологија, искусниот лекарски тим покрај дијагностичките процедури, ќе ги изведува сите зафати од дерматохирургија, медицинска козметологија, мезотерапии и биоревитализации, ботокс, дермални филери, нехируршки лифтинг со Ulthera и популарната дигитална дермоскопија со Fotofinder.
Единствено во Клиника Жан Митрев, во Центарот за естетска дерматологија е достапен најмоќниот и технолошки најнапредниот ласер Nordlys од американскиот премиум бренд Candela. Оваа ласерска платформа овозможува вистинско решение за дерматолошки и естетски проблеми како трајно отстранување на влакна, брчки, лузни и стрии, хиперпигментации, розацеа, телеангиектазии, хемангиоми, капилари и вени, бенки, брадавици, габични инфекции на нокти и уште многу други.
Центарот за естетска дерматологија е снабден и со хипербарна комора каде се изведуваат кислородни хипербарни терапии кои му помагаат на организмот побрзо да заздрави, зацели и да се регенерира.
Проширувањето на Клиника Жан Митрев ќе продолжи и во други медицински области, со отворање нови оддели со што ќе се зголемат услугите за пациентите и квалитетно на здравствената нега.
Со проширувањето на областите во кои работи и поседувањето на JCI акредитацијата којашто се смета за Златен стандард глобално во поглед на квалитет на услугите и безбедност на пациентите, Клиника Жан Митрев ги подига стандардите на здравствената нега во земјава и го унапредува здравствениот систем во целост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.