Министерот за здравство Беким Сали на својот фејсбук профил објави дека денеска се сретнал со јапонскиот амбасадор Хиронори Савада.
Со јапонскиот амбасадор, неговата екселенција Хиронори Савада на денешната средба ја потврдивме досегашната одлична соработка и договоривме нејзино продлабочување. За нашата држава поддршката на јапонскиот народ е од огромна важност, посебно во овие моменти кога се соочуваме со пандемијата на Ковид-19 вирусот, а за оваа намена во тек е реализација на грант како помош за справување во пандемијата со Ковид во износ од над 800.000 евра за набавка на медицинска опрема за Инфективната клиника и КАРИЛ, а предвидена е и реконструкција на одделот за радиотерапија на Клиниката за онкологија, напиша Сали.
Преку Јапонската агенција за меѓународна соработка(JICA), како што посочува министерот, се обезбедува и нов мобилен ангиограф за потребите на службата за интервентна кардиологија и радиологија при Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, во вредност од 100.886 евра.
Во рамки на програмата за мали проекти (GSP) исто така се реализираат и неколку договори за проекти со болници низ државата и секоја година се овозможува помош за јавни здравствени институции. Покрај континуираната помош за зајакнување во опрема се овозможуваат и едукативни обуки на теми од интерес за нашето здравство, објави Сали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.