Инвестицискиот фонд ИНХ и додели кредит на холандската компанија „Адвансед Мајкробиом Интевеншанс“ (АМИ) за да работи на истражување на револуционерен третман со кој пациентите со дијабетес тип 1 би биле ослободени од редовен инсулински третман.
Дијабетесот, болест која се карактеризира со високи нивоа на шеќер во крвта што со текот на времето може да го оштетат срцето, крвните садови и другите органи, главно се манифестира како дијабетес тип 2 кај возрасните лица, кога нивните тела стануваат отпорни или не произведуваат доволно инсулин.
Од друга страна, дијабетес тип 1 се јавува кога панкреасот произведува малку или воопшто не произведува инсулин. Според податоците, оваа болест секоја година се дијагностицира кај околу 31.000 млади луѓе во Европа.
Коосновачот на АМИ, професорот Вилем де Вос потсетува дека за дијабетесот тип 1 не постои лек. – Наша цел е да развиеме единечна дневна орална доза за дијабетесот тип 1, изјави Де Вос, кој во 2008 година ја доби највисоката холандска награда за научно-истражувачка работа „Спиноза“.
Де Вос и неговиот соработник Макс Нивдорп откриле абнормалност кај цревен микробиом поврзана со дијабетесот тип 1 и сметаат дека таа неправилност можат да ја коригираат со интервенции со микроорганизми.
Тие успешно префрлиле примерок од микробиом од здрав донор на пациенти со дијабетес тип 1 и откриле подобрување во бета клетките што произведуваат инсулин во панкреасот. За ова истражување извршиле трансплантација на фекална микробиота (ФМТ), при што откриле метаболити и микроби што би можеле да го реплицираат овој ефект.
Де Вос информира дека за оваа откритие веќе поднеле барање за регистрација на патент на име на АМИ, по што сега со добиениот кредит ќе почнат да работат на клинички испитувања.
Очекуваме резултати, да речеме, до крајот на 2024 година, изјави Де Вос.
Според него, ако нивниот третман се покаже функционален, пациентите со дијабетес тип 1 би можеле да ја продолжат фазата во која ќе нема треба да си инјектираат инсулин за да преживеат.
За таквиот лек тие планираат да побараат одобрение за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА).
Тоа ќе биде фантастична можност за европската и глобалната здравствена заштита, бидејќи можеме да лекуваме пациенти кои инаку ќе треба да се инјектираат. Можеме да имаме систем за орална испорака и да користиме таблети што на пациентите ќе им помогне да го одржуваат своето здравје, наместо да инјектираат инсулин, изјави Де Вос, додавајќи дека тоа значително би го подобрило нивниот квалитет на живот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.