Американската глумица Хедер Греjм, која се движи кон средината на шестото десетлетие од животот, ја открива тајната на својата младоликост… Тоа е јогата, исхраната без шеќер и долг ноќен сон.

Обично спијам 9 – 12 часа навечер, изјави таа за „Гардијан“.

На спиењето таа му посветува најмногу внимание. Сонот се смета за природен начин за борба против знаците на стареење, бидејќи телото така произведува колаген. Покрај јога, Грејм се занимава и со пилатес и танц на шипка. Сѐ тоа придонесува за флексибилност, со којашто глумицата често се фали на социјалните мрежи. Таа, исто така, практикува и трансцендентална медитација еднаш дневно – нерелигиозен метод за опуштање, ослободување од стресот и само-развој.

Познатата глумица се грижи и за својата исхрана, па избегнува шеќер, бело брашно и алкохол. Како омилено јадење го наведува пилешкото во пиво со парчиња сладок компир, а љубителка е и на салати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.