Грипот во земјава зема замав, минатат недела за три пати е зголемен бројот на заболени од грип. Три дечиња во Институтот во Козле се на кислородна поддршка. Според институот за јавно здравје најмногу заболуваат деца од 5 до 14 години.

Се полант амбулантите, но и капациетот во Козле каде има 20 легла.  Децата не остануваат имуни ниту на вирусни инфекции, а се бара и кревет плус за да може сите деца да бидат примени на болничко лекување.

Симтомите на грипот се појава на кивавица, болка во грлото и кашлање, затоа од Козле апелираат децата да не пуштаат во простории каде можат да бидат потенцијални заразувачи. Со цел да се спречи ширењето.

Од Комисијата за заразни болести пак смирауваат велат состојбата не е алармантна и грипот за разлика од минатата година за овој период од годината е помал. За утре најавија состанок, токму за состојбата со грипот, други вирусни инфекции и ковидот.

Од ИЈЗ препорачуваат дека најефикасна заштита од ова заболување е вакцинацијата против сезонски грип е, особено за лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи. Според податоците од Управата за електронско здравство, заклучно со 4 декмеври, во земјава се вакцинирани 56.619 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.