Мешавина од добри состојки може да направи чуда за вашето тело, а овој пат се фокусираме на покаченото ниво на лошиот холестерол, што за жал го имаат многу луѓе. Главно, нивоата на ЛДЛ холестерол се зголемуваат поради лошата исхрана богата со масти.
Проблемот со покаченото ниво на лошиот холестерол е што по одредено време тој почнува да се лепи на внатрешноста на крвните садови, што предизвикува намалување на нивната еластичност, односно алтеросклероза. Ова може да доведе до срцев удар и мозочен удар.
Напитокот кој ќе ви го претставиме во продолжение се пие пред обилните оброци, особено пред ручекот. Покрај тоа што е добар за намалување на холестеролот, поради големото количество на витамин Ц и пектин, ќе го направи вашето тело здраво, а вашиот имунитет посилен.
СОСТОЈКИ:
Две стебленца магдонос
Еден грејпфрут
Еден магдонос
3 парчиња ѓумбир
1/4 лимон
ПОДГОТОВКА:
Едноставно ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете течност со густа конзистенција. Како што веќе рековме, најдобро е да се пие еден час пред ручек или после оброк, бидејќи ќе помогне во процесот на варење и пренос на добриот и лошиот холестерол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.