Тестирањето на крвта веќе се користи во болниците за дијагноза на други состојби, но сега би можело да се користи за поедноставување на начинот на кој се лекуваат пациентите кои се сомневаат на срцев удар.

Експерти од Британската фондација за срце велат дека на секои пет минути, во Велика Британија се прима во болница некој со срцев удар.

Се проценува дека има 1,4 милиони луѓе кои преживеале срцев удар.

Истражувачи од Националниот институт за срце и бели дробови „Империал колеџ Лондон“ откриле дека мерењето на нивоата на Ц-реактивниот протеин (ЦРП), кој укажува на знаци на воспаление, може подобро да идентификува кој е во смртна опасност.

Протеинот може да биде присутен во крвта кај луѓето по срцев удар. Како резултат на тоа, тестот би можел да овозможи да им се дадат поагресивни третмани на оние на кои им се потребни и да бидат под надзор на лекар. А оние што се идентификувани како ниско ризични би можеле да бидат испратени дома.

Моментално, кога лекарите мислат дека човек имал срцев удар, спроведуваат тест на крвта за тропонин – протеин што се ослободува во крвотокот кога срцето е оштетено. Научниците сега тврдат дека мерењето на нивото на ЦРП може да даде најдетална слика што ќе покаже кои пациенти се изложени на најголем ризик.

Истражувачите ги разгледале податоците на повеќе од 250.000 пациенти кои биле примени во болница со сомнеж на срцев удар. Нормалното ниво на ЦРП во крвта е 2мг/л или помалку. Но тие откриле благо покачена мерка од 10 до 15 мг/л кај оние со позитивен тест на тропонин, предвидувајќи повеќе од 35 отсто шанси за смрт три години подоцна.

Резултатите од истражувањето ќе отворат врата за подобар третман на пациентите со срцев удар, кои страдаат од воспаленија опасни по живот.

Иако идентификацијата на оние со поголем ризик од срцев удар е првиот чекор, научниците веруваат дека новиот тест на крвта би можел да доведе до подобри третмани.

Докторот Рамзи Кхамис од Империјал колеџот се надева дека ќе го тестираат антиинфламаторниот лек, колхицин. Веќе е утврдено дека помага во тоа да се сопре насобирањето масни наслаги во артериите, што го зголемува ризикот од срцев удар.

Сега, докторите се надеваат дека ќе им го дадат лекот на пациентите со високо ниво на ЦРП за да се утврди дали може да помогне во зголемувањето на шансите за преживување по срцев удар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.