Македонското здружение по урологија вчера со почеток во 10 часот со планинарски марш ја започна овогодишната кампањата „Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе”.

На маршот, кој започна од ОУ „Кочо Рацин” до Средно Водно, учествуваа значителен број на граѓани, доктори, пациенти…

Посебна чест ни направи присуството на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик проф. д-р Живко Попов, сподели проф. д-р Скендер Саиди, претседател на Здружението на уролози на Македонија.

Тој најавува дека во склоп на овогодишната кампања ќе се одржат повеќе активности.

„Мовембер” претставува глобална кампања што се одржува секој ноември со цел подигање на свеста за некои специфични заболувања кај мажите (ракот на простата, ракот на тестисите и менталното здравје).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.