Комисијата за заразни болести утре ќе ги решава дилемите кое дете се смета за вакцинирано, а кое некомплетно имунизирано. Ова следи откако голем број родители реагираа бидејќи нивните деца со наполнети 18 месеци и со 3 примени дози ДиТеПер биле вратени од градинка зошто поради болест ја пролонгирале ревакцинацијата, а истата во книшката им била закажана во мај.
Според министерот за здравство за вакцинирано дете се смета она кое има примено 3 дози од примо вакцинацијата. Но, Демири најави дека утре по состанокот на Комисијата ќе излезат со унифициран и официјален став.
Вакцина подразбира ако детето има примено три дози и се смета за вакцинирано, а некомплетно вакцинирано е ако примило втора и не примило трета доза. Дали е ревакцинирано тоа е друго прашање, изјави Демири.
Но, од друга страна членовите на Комисијата водејќи се според насоките од програмата за задолжителна иминизација од 2023 година се категорични дека децата кое посетуваат градинка, а се постари од 18 месеци треба да имаат примено и прва ревакцина ДиТеПер за да бидат целосно вакцинирани согласно возраста. Ова го бараат и надлежните во градинките и инспекторите од ДСЗИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.