Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири денеска ја посети Универзитетската клиника за детска хирургија и оствари средба со директорите Славица Литајковска и Елмедин Асани. Со набавка на современ лапароскоп, на оваа клиника ќе се вршат и до над 800 интервенции годишно на Детска хирургија, пишува во соопштението на Министерството за здравство.
Минатата година од сопствени средства на Клиниката, беше набавен најсовремен лапароскопски апарат во вредност над 12 милиони денари. Лапароскопскиот апарат се состои од висококвалитетен медицински монитор, мулти-специјализиран видео-процесор, камера со континуиран автофокус и флуорецентна слика. Универзитетската клиника за детска хирургија е екипирана со обучен кадар за ваков тип интервенции и досега се изведувале околу 40 лапароскопски интервенции месечно. Со набавката на овој најсовремен апарат, ќе се зголеми бројот на интервенции и се очекува на годишно ниво да се извршуваат над 800, се наведува во писмената изјава на Демири.
Тој изразил задоволство од реализираните инвестиции, што значат унапредување на здравствената заштита на најмладите пациенти.
На средбата, Демири истакнал дека во заедничка соработка со Министерството, продолжуваат активностите за зајакнување на здравствената заштита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.