Македонска делегација денеска учестуваше на настан посветен на грижата за ракот на која учестувале претставници од Европската унија и повеќе европски земји.
Македонската делегација ја сочинуваа д-р Игор Г. Николов, советник на Премиерот за реформи во здравство, Соња Генадиева Ставриќ, директорка на Клиника за хематологија, Игор Стојковски, директор на Клиника за радиологија и онкологија, Александра Ивановска, Рош Македонија и Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Макеоднија (ФЗОМ).
Настанот бил во организација на Сенатот и Владата на Романија.
Дијалогот беше фокусиран на подобрување на европската соработка во борбата против ракот, заеднички предизвици и оптимизација на достапните ресурси и експертиза. Беше потпишана заедничка Декларација. На маргините остварени се повеќе билатерални средби, вклучувајќи и со Оливер Блек, раководител на Рош за Европа југ, вели Клековски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.