Дури 45 отсто од попуацијата во Македонија пуши цигари. Пушењето е главен ризик фактор за појава на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и докторите на Клиниката за пулмологија и членови на Македонското респираторно здружение (МРЗ) побараа да се врати Законот за забрана на пушење во јавни простории и да се забрани не само користењето на тутунот, туку и користењето на електорнските цигари.

Денеска, на 20 Ноември се одбележува Светскиот ден на ХОББ.

По новите статистики, ако пушач денес се откаже од цигари, ќе си го продолжи животот за 10 до 20 години, изјави на денешната прес-конфренција директорот на Клиниката за пулмологија, проф. д-р Оливер Зафировски.

Проф. д-р Оливер Зафровски, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија / Фото: Принтскрин од МИА

Според најновата статистика, 45 отсто од популацијата во Македонија пуши циграри. Ние сме лидери на Балканот и овој процент е многу висок. По најновите испитувања од 600 токсични материи, 70 се директно канцерогени и се основна причина за појава на канцер на бели дробови. Исто така ја влошуваат функцијата на белите дробови кај лицата кои имаат ХОББ. Мора да се води камапања, пушењето е зависност и мора да се лекува. За жал, ние немаме центри каде што треба да работат психолози. Границата е многу спуштена, дури под 10 години. Пушењето е само почеток, потоа следи консумирање алкохол, дрога..Мора да почнеме од рана детска возраст и во школите имаме проект „Време е, откажи се, биди умен, почни здрав живот“. Во скоро време ќе ја почнеме кампањата, од основните училишта па во средните, за да може да сфатат колку е штетно пушењето, изјави проф. д-р Зафировски.

Д-р Марија Здравеска, од Клиниката за пумологија апелираше да се направат сериозни чекори повторно да се врати Законот за забрана на пушењето, бидејќи кај нас не само пушачите што се одговорни за својот живот, туку се одговорни за животот на другите луѓе кои не пушат, особено на младите деца.

Бидејќи ако емисијата од цигари е штетна за сите луѓе, особено е штетна за младиот организам кој се развиа. Децата се повеќе склони за развојни проблеми, се намалува капациеттот на белите дробови заради изложувањето на пушењети, но и најлесно стануваат зависни од сите продукти кои содржат никотин и тутун. Апелираме и како Клиника и како Македонско респираторно здружение за зголемување на ригорозноста и конечно да се забрани не само користењето на тутунот, туку и на користењето на електронските цигари и тие да имаат еднаков третман и во смисла на даноци, оданочување и во смисла на користење и во смисла на рекламирање и продавање. Гледаме реклами и штандови кои во изобилие нудат на нашите деца вакви средства кои предизивкуваат зависност, изјави д-р Здравеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.