Како и на сите други пазари, согласно препораките на Европската агенција за лекови (ЕМА), во Србија се очекува повлекување на лекот на база на супстанцијата фолкодин, кој се користи за лекување на непродуктивна кашлица кај возрасни.

ЕМА наведува дека фолкодинот се користи како супресив на кашлица уште од 1950 година Во Европската унија, лековите кои содржат фолкодин моментално се одобрени во Белгија, Хрватска, Франција, Ирска, Литванија, Луксембург и Словенија, со или без рецепт.

Експертите од ЕМА предупредуваат дека фолкодинот често е достапен на пазарот во комбинација со други супстанции како сируп, перорален раствор и во форма на капсули под различни трговски имиња и генерики. Фолкодин се продава под различни имиња.

Негативните реакции на овој лек се многу ретки. Тоа се специфични случаи кога по неговата употреба пациентот се става под тотална анестезија.

Фолкодинот содржи дериват на морфин кој има силно инхибиторно дејство врз рефлексот на кашлица. Превенцијата од кашлица е брза и долготрајна. ЕМА ги повикува здравствените работници да размислат за алтернативни третмани и ги советува пациентите да престанат да земаат лекови кои содржат фолкодин.

Експертите наведуваат дека фолкодинот има благо и неспецифично депресивно дејство на централниот нервен систем, па може да делува како седатив, антиконвулзивно и може да го потенцира хипнотичкото дејство на барбитуратите. Сирупот за кашлица со фолкодин се користи за акутна и хронична кашлица како симптом кај респираторни заболувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.