Ако преферирате да украсите вештачка елка, тоа не значи дека не можете да уживате во мирисот што би го имале доколку е вистинска.

Доколку сте се одлучиле за вештачка елка, но би сакале да ја мирисате вистинската, не грижете се, бидејќи тоа можете да го постигнете додека трепнете благодарение на едноставен трик.

Се што ви треба е неколку капки есенцијално масло и една шишарка.

Земете шишарка, ставете неколку капки есенцијално масло од бор или чемпрес и закачете го на елката. Вашиот дом за миг ќе мириса вака, а неодоливиот мирис на дрвото истовремено ќе го подобри вашето здравје.

Имено, докажано е дека слаткиот мирис на етеричното масло од чемпрес опушта и освежува, исто како етеричното масло од бор.

Дополнително, ароматерапијата со есенцијално масло од бор помага при бронхитис, грип, болки во грлото, воспаление на синусите и проблеми со дишењето, пишува Zapodzena.hr



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.