Во месец октомври Фондацијата Импакт Нет од Велес, чиј мобилизатор е Стефан Атанасовски-Трајковиќ започна со реализација на иновативната иницијатива „Зелена Мапа за Зелена Заедница” како дел од 48 мобилизатори на заедницата од 25 граѓанските организации преку проектот на Швајцарската влада „Поддршка на изборните реформи во Македонија“ спроведен од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Фондацијата Импакт Нет предложи иновативни дигитални решенија – Мобилна апликација и интернет дата база на зелени податоци, кои наскоро ќе бидат презентирани пред јавноста и тие ќе бидат дигитални алатки преку кои ќе се поттикне заедницата во нивно активно користење.

Со тој наш мал придонес кон заштитата на животната средина преку иновативни решенија ќе дадеме голем поттик во потрага и дизајнирање кон нови уште поголеми дигитални решенија но и конкретни активности кои ќе бидат реализирани согласно политичките ветувања на локалните и националните учесници во властите и институциите вели Атанасовски-Трајковиќ.

Тоа веќе е одлика на новото време во кое живееме, а преку нив ќе собираме податоци кои ќе ни помогнат во мапирање на квалитетот и квантитетот на зеленилото, велосипедските патеки, собирањето и преработката на отпад, јавниот транспорт и слично. Бројките ќе сведочат за одредени потреби, приоритети, а со тоа полесно ќе имаме преглед и мониторинг на успешноста за дадените ветувања на политичките субјекти, додава тој.

Велес може да прерасне во добар пример на трансформативна заедница кон зелена и општина која треба да го зачува приматот дека ја извојувала Еколошката Револуција!

Мобилизирањето на заедницата во креирање но и користење на дигитални иновации ќе придонесе за собирање на податоци, но и потврда што е потребно да се направи и каков е квалитетот на сето тоа што се прави или што не се прави. Покрај мобилизирањето на заедницата со проектот вршиме и мониторинг на одредени области и програми на локалните власти. Ние ставивме фокус кон мониторинг на Програмата за животна средина во Општина Велес, смета Атанасовски-Трајковиќ.

Нацрт програмата за животна средина на Општина Велес за 2023 година во неколку точки како што се јавното зеленило, пошумувањето, конечната изведба на велосипедски патеки во градот и до Езерото Младост, управувањето со отпадот, дел се поклопуваат со она што е наш програмски фокус и ќе се застапуваме се повеќе за нивна успешна изведба.

Сепак иако постојат позитивни придвижувања, потребите ја надминуваат реализацијата и видливо е потребна што побрза реализација на конкретни мерки и активности за јавниот транспорт, омасовување на пошумувањето, обезбедување на велосипедска патека по должина на целата главна улица во градот и обезбедување на безбедни услови за лицата кои користат или сакаат да користат велосипед или тротинет. Тоа е начин да го намалиме загадувањето од автомобилите.

Преку овој проект сакаме да го популаризираме моментот дека политичките и институционалните субјекти треба да бидат свесни дека се под будно око од граѓанскиот сектор, подвлекува Атанасовски- Трајковиќ.

Главен заклучок на мониторингот е дека буџетската основа е премала за битни реформи и изведба на конкретни иновации во полето на заштитата на животната средина, со тоа повикуваме Општината да продолжи да биде отворена како и досега во потрага по нови фондови, а ние од граѓанскиот сектор стои на располагање за поддршка во тој процес.
Значењето на квалитетниот, брзиот и практичниот јавен транспорт кој е достапен за граѓаните и кој ги мотивира активно да го користат. Промената на власта од една кон друга структура  треба да значи натпревар во подобри мерки, активности и механизми за поквалитетно живеење.

Веруваме дека како Фондација и проект ќе продолжиме да ги промовираме добрите практики кои постојат во Велес и ќе овозможиме поттик истите да продолжат да бидат пример на добра пракса. Со овој проект сакаме да ги поттикнеме и инволвираме се повеќе младите граѓани да допринесат со мобилизирање на заедницата, а локалните власти во испорачување на квалитетни решенија. Да размислуваме и дејствуваме заеднички.
Преку обуките кои ги имаме планирано со младите, преку проектот остваривме и средби со претставниците од локалната власт и државните институции, како и средби со парламентарците од Велес, без фаворизирање на политичката припадност, преку кои сакаме лично од нив да ги слушнеме заложбите и конкретните акции кои планираат да ги преземат или да ги гласаат во Советот или во републичкото Собрание. Се разбира главниот фокус и конкретни решенија со проектот ни се решенија од областа на животната средина и младите и за нив пред локалните и националните власти ќе се застапуваме да наидат на поддршка или да бидат реализирани.
Во месец јануари ја реализиравме Јавната расправа – Заеднички заложби за зелена и просперитетна општина со сите субјекти од институциите кои работат на полето на животна средина, после која продолжуваме да ги промовираме заедничките заложби кои ќе водат кон трансформација на заедницата кон зелена и еколошка и задржување на приматот дека сме општина во која е остварена Еколошка Револуција.
Продолжуваме со Мониторинг кон она што ќе беше усвоено и изгласано за Програма за животна средина во Општина Велес за 2023 година со цел политичките и институционалните субјекти да бидат свесни дека се под будно око од граѓанскиот сектор, подвлекува Атанасовски- Траковиќ.

 

Фондацијата има 6 самостојни програми: за лица со попреченост, рехабилитационен центар за зависници, едукативен центар за деца Роми, микрокредитна програма за стартапи и туристичка програма за промоција на наши бизнис капацитети и програма за млади лидери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.