Вечерва, ноќ пред Свети Василиј се прославува православната Нова година. Задолжително подготвите богата трпеза, да облечете нова облека за во вашиот дом да привлечете благосостојба, среќа и позитивна енергија.
Многу лош знак е доколку вечерва на масата ставите малку храна или некое расипано јадење.
Вечерва мора да бидете великодушни и добри за луѓето кон вас да бидат такви во текот на целата оваа година.
Потрудете се на масата да ставите две исти виљушки, две исти лажици затоа што тој пар ќе привлече двојно повеќе пари и двојно повеќе среќа во нареднава година.
Се верува дека доколку за Свети Василиј ноќта биде ведра и полна со ѕвезди, во нареднава година ќе ве следи само добро здравје.
Вечерва на полноќ замислете си желба затоа што оваа ноќ е ноќта во која сѐ се остварува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.