Според последниот извештај на Центарот за управување со кризи имало вкупно 1.876 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 39,82 отсто, а 60,18 отсто други, именувани како „неитни повици“.

Кон полиција биле упатени 58,55 отсто од повиците, кон итната медицинска помош 35,64 отсто, кон пожарникарите 2,55 отсто, а кон АМСМ 0,36 отсто од повиците од 112.

 

 

Во последното деноноќие пожарникарите од Штип и од Велес интервенирале на запалена ниска вегетација во Штипско и Велешко. Пожарникарите од Скопје интервенирале на запалено ѓубриште на површина од 50 квадратни метри во село Бардовци, Општина Карпош, соопшти Центарот за управување со кризи.

ЦУК апелира да не се палат стрништа на нивите, да не се палат отпадоци и диви депонии во овој период од годината кога има загаден воздух во Скопје и во други градови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.