Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денес беше дел од трибината НОБ 1944-2024 во организација на Сојузот на борци. Министерката на трибината беше заедно со Претседателот на Сојузот на Борци, Никола Стојановски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска.
Таа во своето обраќање истакна дека Владата на Република Македонија е верен поддржувач на Сојузот на борци посочувајќи дека тоа е организација која го опфаќа духот, наследството и длабоките пораки на македонските борци особено на оние кои се залагаат за каузата на државноста. Министерката се осврна и на поддршката на министерството за труд и социјална политика кон Сојузот на борци.
Задоволство ми е да споделам дека преку буџетот на Министерството за труд и социјална политика успеавме да ублажиме значителен товар со расчистување на долг од 5,5 милиони денари што го оптоваруваше НОБ до 2016 година. Целта на ваквата помош беше да обезбедиме можност да продолжат со својата витална работа. Воедно од буџетот за оваа година издвоивме еден милион и двесте илјади денари за активностите на Сојузот, рече Тренчевска.
Министерката рече дека покрај поддршката што ја дава министерството на сојузот се залага и за ранливите највозрасни лица во државата.
За пензионерите со примања до 14.000 денари месечно ќе добиваат по 3.000 денари. Оние со пензии од 14.000 до 16.000 денари ќе добиваат 2.000 денари, а пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари месечно ќе добиваат 1.500 денари. Оваа иницијатива е доказ за нашата посветеност на благосостојбата на нашите постари граѓани истакна Тренчевска.
На крајот од средбата министерката рече дека заложбите се доказ за непоколебливата посветеност да се почитува минатото и да се чува иднината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.