Општина Охрид и оваа година заедно со ЈП „Градски пазар“ го организира традиционалниот „Велигденски базар“.

Манифестацијата ќе се одржува денеска од 11 часот на плоштадот „Крушевска Република“ кај Стариот чинар, со учество на заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења. Настанот ќе го збогатат настапи на културно–уметнички друштва од градот, учесниците на детскиот – музички фестивал „Распеано рибарче“, малите ѕвездички со КА – Двојче, најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ и учениците од општинските основни училишта.

Велигденскиот базар е со хуманитарен предзнак, а дел од средствата собрани од продажба на производите ќе бидат донирани таму каде е најпотребно.

Во рамки на Базарот свој штанд ќе постави и Општинската организација на Црвениот крст, каде секој посетител ќе има можност да даде своја донација за помош и поддршка на ранливите категории граѓани, во духот големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

фото: Охридњуз.мк  А. Момироска / Бобан Стојаноски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.