Повеќе од 60 години по смртта на атрактивната актерка Мерлин Монро создадена е нејзината дигитална верзија со помош на вештачка интелигенција. Технолошката компанија за вештачка интелигенција „Соул машинс“ на технолошката конференција на фестивалот „Саут бај Саутвест“ во Остин, Тексас го претстави проектот „Диџитал Мерлин“.

Како што велат ова е интерактивно искуство во кое таа ќе „споделува анегдоти, па дури и испраќа персонализирани честитки, создавајќи незаборавно искуство за обожавателите на Мерлин“.

Прикажана на компјутерскиот екран во црн џемпер и нејзината позната фризура, дигиталната двојничка на познатата актерка ќе разговара со заинтересираните искажувајќи ги своите мислења и емоции „во гласот и стилот на Мерлин“.

За време на неодамнешниот тест, дигиталната Мерлин Монрло зборуваше за нејзината омилена улога, ликот Шугар во комедијата „Некои го сакаат тоа жешко“ од 1959 година, запирајќи и замислено гледајќи надолу пред да одговори.

Таа одговори дека смета дека секси, но ранливиот лик е „предизвикувачка, но наградувана улога“, и ги препорача нејзините други комедии како „Мажите претпочитаат русокоси“.

„Секој разговор со Мерлин е посебно чувство“, вели Грег Крос, ко-основач и директор на компанијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.