Компанијата „Бостон дајнамикс“ покажа нови вештини на својот робот Атлас.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, Атлас покажува импресивна агилност и умешност. За време на демонстрациите, хуманоидната машина достави торба со алат до врвот на скеле, на коешто се наоѓал „работник“ кој претходно заборавил да ја земе со себе.

Откако работникот го активира, Атлас прво зема табла што ја постави помеѓу дрвените импровизирани скали и скелето, а потоа ја подигна чантата од подот. Потоа, тој се качи по скалите, ја помина таблата одржувајќи рамнотежа, а потоа скокна на повисоко ниво и ја фрли торбата со алат кон работникот.

Откако ја заврши задачата, Атлас ја турна дрвена кутија од скелето и скокна на неа, завршувајќи ја својата „точка“ со салто во воздух.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.