Македонскиот ас „Braveheart” Славески за шампионската титула во валтер категорија ќе се бори против искусниот ветеран Џејк „Gypsy” Линдси на 49. издание на „Bare Knuckle“, најбрзорастечкиот боречки спорт, а преносот во живо може да се следи на првата македонска стриминг платформа Глеј (GLEY), на 26 август годинава.

Гого, со перфектен скор од 5 победи и 0 порази, ќе ги одмери силите со искусниот ветеран Линдси кој има 4 победи и ниеден пораз. Настанот со вкупно 5 борби ќе се одржи во Мајами, на 26 август 2023 г., со пренос во живо со почеток во 02 часот по полноќ, а ден по емитувањето борбите ќе бидат достапни во архивата на Глеј.

Со овој директен пренос, Глеј најавува дури 20 „Bare Knuckle” настани во живо, коишто исто така ексклузивно ќе се емитуваат на платформата, но и голем избор на веќе завршените борби што во секое време ќе бидат достапни на Глеј.

Преносот во живо корисниците на Глеј со активен пакет ќе можат да го следат на апликациите на СМАРТ ТВ и мобилните уреди. Во следните неколку месеци ќе се овозможи гледање на овие преноси и на WEB страницата gley.tv на компјутер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.