Водителот и натпреварувачот во популарното шоу „Street Outlaws: Fastest in America“ загина додека снимаше трка за Discovery во близина на Лас Вегас.

Несреќниот Рајан Фелоус се тркаше со златен Nissan 240Z против друг автомобил во неделата наутро кога изгуби контрола во близина на целта, пишува TMZ.

Модифицираниот Nissan 240Z се превртел и се запалил, а гледачите и случајните минувачи за жал не можеле да го спасат од остатоците, кои, според снимките до кои дојде TMZ, се чини дека се наоѓа на покривот. Се уште нема објаснување за причината за несреќата, пишува „Јутарњи“.

Франшизата Street Outlaws започна во Мемфис во 2013 година. Во третата сезона, осум екипи се натпреваруваа за награда од 100.000 долари.

„Семејството „Street Outlaws“ е девастирано од несреќата што доведе до трагична смрт на Рајан Фелоус“, изјави портпаролот на серијалот преку официјалниот профил на Тwitter. „Наше најдлабоко сочувство изразуваме до семејството на Рајан додека се справуваат со оваа ненадејна и катастрофална загуба“.

Фелоус зад себе остави сопруга и две деца кои ќе бидат корисници на кампањата GoFundMe која започна по несреќата.

„Рајан беше страствен ентузијаст за автомобили и друмски „воин“ на многу начини. Му се восхитуваа поради неговата истрајност и немилосрдниот нагон да ги надмине предизвиците што стојат пред него“, се вели во описот на кампањата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.